Mid-Level
АГЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
(м/ж)
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ
Целосно дигитализиран процес на работа со современи алатки и технологии
Fit Kit – бесплатна месечна членарина со пристап до 300+ спортски активности
Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
24/7 осигурување од незгода
Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Следење, внесување и обработка на нарачки во системот;
Координација на нарачки, испораки и поврати со релевантните оддели;
Управување со промотивни нарачки и веб-нарачки;
Одржување и ажурирање на бази на податоци за клиенти и производи;
Подготовка на извештаи и следење на KPI показатели;
Администрирање на Customer Portal и SAP активности;
Соработка со тимовите од Продажба, Маркетинг, Финансии и Операции;
Ажурирање на работни процедури и извршување задачи по насока на претпоставениот.
ШТО БАРАМЕ
ССС, пожелно економско образование;
Работно искуство на административни позиции и/или во продажба ќе се смета за предност;
Познавање на англиски јазик;
Добро познавање на MS Office пакетот;
Познавање на SAP ќе се смета за предност;
Способност за работа со повеќе задачи истовремено и почитување рокови.
Доколку се пронаоѓаш во описот и сакаш да бидеш дел од тим кој овозможува исклучително корисничко искуство и ефикасна продажна поддршка, те охрабруваме да аплицираш.
Неделното работно време за позицијата е во 2 смени, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 година.
Regista-te para te candidatares e descobre já se tens match.
O teu agent diz-to em poucos segundos.
Regista-te e digo-te já se encaixas na Coca-Cola HBC: o que já tens e o que podes reforçar. Depois continuo a trabalhar por ti e escrevo-te assim que encontrar uma oportunidade que valha mesmo a pena.